Tuesday, October 10, 2017

Географска и сообраќајна положба на Република Македонија

                                          Географска положба

      Географска и сообраќајна положба на                                 Република Македонија 



Република Македонија се наоѓа на северната и источната полутопка на Земјата.
Република Македонија се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров.Оддалечена е  околу 90км од Егејското(Бело)Море и околу 155км од Јадранското Море.
Македонија е богата со планини па затоа во Република Македонија релјефот е претежно планински со издвоени котлини и композитни речни долини.
Сообраќајните комуникации се одвиваат преку повеќе долини,котлини и преслапи.По доплината на реката Вардар се одвива автопатот Е-75 и железничката пруга. 
 Република Македонија на север низ Моровската Долина се поврзува со Србија и средноевропските држави,а на југ со Егејското и со Средоземното Море.

По долината на реката Лепенец,Република Македонија се поврзува со Косово,со Црна Гора и со Јадранското Море.

На исток со Бугарија сообраќајната поврзаност се врши преку три патни правци:
  • едниот минува по долината на Крива Река преку градот Крива Паланка
  • вториот по долината на реката Брегалница и преку градот Делчево
  • третиот низ Струмичката Котлина.

Со Грција освен преку сообраќајниците по долината на реката Вардар,поврзани сме и преку патот и железницата кои од Пелагонија и од Битолско водат кон Лерин;и преку патот што води од Дојран кон Солун.

Кон Албанија водат патните правци што минуваат од Дебарско-реканската Котлина,од Охридско-струшката Котлина,преминот Св. Наум и од Преспанската Котлина кај преминот Стење.




No comments:

Post a Comment