Friday, November 17, 2017

Релјефна структура и општи карактеристики на релјефот на Република Македонија

                                                       РЕЛЈЕФ

           Релјефна структура и општи  карактеристики на релјефот на Република                                   Македонија  




Територијата на Република Македонија се одликува со претежно планински-12 255км2, со ридски-7 599км2 и со рамничарски-5 065км2 релјеф, а дел од неа е езерска површина.

Во височина се простира од 48м надморска височина кај Гевгелија (реката Вардар) до врвот Кораб (2 764м). Релјефот во Република Македонија го сочинуваат поголем број планини, речни долини, клисури и котлини, со различни типови ерозивни и акумулативни релјефни форми.

Формирањето на релјефот се врши под дејство на внатрешни и надворешни сили.

Внатрешни сили се манифестираат како вулкани и земјотреси, кои предизвикуваат тектонски движења со кои се вршат хоризонтални и вертикални поместувања на Земјината кора. Така настануваат крупните релјефни облици како што се планините и котлините.

Надворешни сили ( Сонце, вода, ветар, мраз итн.) предизвикуваат растегање на карпите и формирање на разни ерозивни и акумулативни облици.

Ваквите сили низ долгото геолошко минато пред десетици, стотици и повеќе милиони години, на територијата на Македонија формирале неколу тектонски целини, и тоа:

-Западномакедонска зона

-Пелагониска зона

- Вардарска зона

- Родопска зона.

Во текот на геолошката историја, во Република Македонија се формирале повеќе разновидни релјефни облици од типот на:

- планини

-котлини

- долини.




1 comment: