Релјеф
Источновардарска група планини
и котлини
Источната родопска зона на планини и котлини, на територијата на Република Македонија се наоѓа меѓу границата со Бугарија на исток и Вардарската зона на запад. Со неотектонските движења, во оваа зона се формирани неколку планински и котлински релјефни целини, главно, со напореднички правец на протегање.
Планински релјефни целини, одејќи од север кон југ, се: блокот Герман, Козјак и Билина Планина, потоа осоговскиот масив, Плачковица со Огражден и Малешевските Планини, но и планината Беласица како посебен блок.
Планинските масиви се одликуваат со природни богатства, како што се шумите, пасиштата и рудните наоѓалишта на олово, цинк, бакар, железо и друго.
Котлински релјефни целини или депресии се простираат меѓу наведените планински масиви. Такви се Славишката Депресија меѓу масивите Герман и Осогово, Кочаската Котлина меѓу Осогово и Плачковица и Струмичко-радовишката Котлина меѓу Плачковица со Огражден, Беласица и Конечка Планина. Во оваа зона се наоѓаат Пијанечката и Малешевската Котлина.
Во котлините постојат плодни почви, поблаги климатски услови и системи за наводнување, така што во нив се одгледуваат различни земјоделски култури.
Во Славишкото Поле се одгледуваат житни и градинарски култури во Кочанското Поле се одгледува ориз, во Струмичко-радовишкото Поле се одгледуваат градинарски култури, винова лоза и индустриски растенија. Во Славишката, во Пијанечката и во Малешевската Котлина има погодни услови за одгледување овошни растенија и компир.
Речни долини. Источната родопска зона е испресечена со длабоко всечени речни долини. Покарактеристични се долините на:Крива Река, Злетовска Река, Брегалница со притоките, Крива Лакавица и реката Струмица.Покарактеристични врвови се:Војнова Чука на Герман, Руен и Царев Врв на Осоговските Планини, Лисец на Плачковица и Радомир на Беласица.